Активиран Градскиот штаб за заштита и спасување

Од:

Град Скопје соопшти дека по првиот земјотрес што го потресе главниот град изутрината во 6:58 часот, веднаш е активиран Градскиот штаб за заштита и спасување.

– Веднаш се мобилизираа екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија. Притоа, реализирани се поголем број на интервенции. Градскиот штаб за заштита и спасување во континуитет ја следи состојбата на терен и доколку има потреба соодветно ќе интервенира, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Македонската опсерваторија измери земјотрес од 4.6 степени по Рихтер

А1он

Земјотрес во Скопје, 4.8 степени по Рихтер

А1он

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје