Малолетници повредени од струен удар на Железничка станицата во Куманово

Од:

Двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години се повредени од струен удар на Железничката станица во Куманово.

Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа околу 23.00 часот на Железничката станица, кога двајцата малолетници се качиле на товарниот воз (вагон-контејнер), кој бил во мирување за да се сликаат над контејнерот.

– Притоа, во еден момент 16-годишникот од Куманово остварил физички контакт со електричниот проводник над возот при што се здобил со изгореници во делот на грбот, левата нога и стомакот. Седуманесетгодишникот од с.Отља, општина Липково, во тој момент скокнал од вагонот и се здобил со телесни повреди, наведуваат од МВР.

По настанот, на 16-годишниот малолетник, му била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово, по што бил пренесен во Одделот за изгореници во градска болница Св.Наум во Скопје.
Седуманесетгодишникот, пак, бил задржан во Хируршко одделение во Медицинскиот центар Куманово за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Поради инцидентот железничкиот сообраќај синоќа бил во прекин од 23.00 часот до 2.00 часот изутринава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он