Две лица нападнати и ограбени во Скопје

Од:

Две лица се ограбени во Скопје во две одделени кражби во текот на вчерашниот ден при што во едниот случај се украдени 20 илјади денари, а во вториот 1.500 денари.

Полицијата денеска соопшти дека на автобуската станица кај Веро Џамбо вчера околу 17:30 часот од страна на четири непознати лица бил ограбен А.П. во моментот кога се симнувал од автобус. Тој бил удрен по главата со тврд предмет по што му бил украден паричникот во кој имало 20 илјади денари. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди.

Во вториот случај бил ограбен М.И. вчера околу 20 часот на булеварот „Партизански одреди“ од страна на три непознати лица кои физички го нападнале и му украле 1.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина