СДСМ: Груевски излажа за гасот, да им ги врати парите на граѓаните за скапите студии!

Од:

Бараме Никола Груевски и неговите соработници во Министерството за транспорт и врски да излезат и да кажат колку ги чинат граѓаните физибилити студиите за пропаднатата гасификација на скопскиот регион и за останатите два региона, источен и западен?

Колку пари досега се потрошени за изработка на тендерските документации?

Која е потрошената сума за сите други пропратни документи?

10 години Груевски и неговата власт ги лажат граѓаните дека ќе ја гасифицираат Македонија, а сега го поништија и огласот за изградба на дистрибутивна мрежа, конечно објавен пред 3 ипол години.

Тоа се случува токму кога цената на гасот е на најниско ниво во последните децении, што можеше да им ги намали трошоците на граѓаните кои ги донесоа во огромна сиромаштија.
 
Оваа власт не знае и не ни сака да ја гасифицира Македонија. Знаат и сакаат само скапи студии и тендери за еден ист проект.

Бараме Груевски да им ги врати парите на граѓаните за скапите студии и процедури!

Ќе спроведеме детална истрага за сиот криминал околу лагите за гасификацијата.
СДСМ успешно ги гасифицираше општините со коишто раководи и по 11 декември ефтиниот и еколошки енергенс, гасот, ќе го направиме достапен за сите граѓани во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски