(ВИДЕО) Атанасов: Владата на СДСМ ќе изгради нов студентски дом во Штип до крајот на 2017 година

Од:

Новата влада на СДСМ ќе ги има студентите на врвот на листата на приоритети. Додека Спиро Ристовски и Никола Груевски се уште размислуваат за потребата од студентски дом, ние гарантираме дека после промената на власта во декември, новата влада ќе изгради нов модерен студентски дом во Штип со капацитет од 300 легла до крајот на 2017 година, рече Петар Атанасов, Претседател на Комисијата за образование на СДСМ.

И по 9 години од формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ власта нема решение за сместувањето на студентите. Груевски и повеќе министри за образование со години зборуваат и ветуваат изградба на студентски град во Штип. Од ветувањата нема ништо.

Секојдневието на над 200 студенти и средношколци од регионот кои живеат во Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ се мувлосани ѕидови, стар и искршен инвентар, санитарни јазли под секој стандард, студ и еднолична храна.

Ве уверуваме, по 11 декември промените ќе се случат. Студентите од штипскиот универзитет ќе добијат нов студентски дом.

Одговори на новинарски прашања:

Ова значи дека шпекулациите дека СДСМ би го затворила УГД, или би го минимизирала навистина се шпекулации?

Да, тоа се шпекулации кои се пуштаат од ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, Штип живее како универзитетски град и ќе остане универзитетски град. Ние ќе работиме на подобрување на квалитетот на студиските програми на меѓународната мобилност затоа што на нашите студенти и професори им е потребна поддршка за да ги достигнат сите оние стандарди кои европските универзитети ги имаат.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина