Јохан Тарчуловски најверојатно во март догодина, ќе биде ослободен од Хаг

Од:

Во март следната година Јохан Тарчуловски ги исполнува условите на Хашкиот трибунал за да биде условно ослободен по осум години минати во затвор, објавува во најновото издание неделникот „Република“.

Единствениот Македонец осуден од Хашкиот трибунал во март 2013 година отслужува осум години или две третини од 12-годишната затворска казна поради настаните во скопското село Љуботен од 12-ти август 2001 година.

Доколку Трибуналот се согласи, одлуката влегува во сила три месеци по отслужувањето на две-третини од казната, односно во мај Јохан конечно ќе може да се врати во Македонија, пишува „Република“.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска