Полиција во Солун протестираше против мерките за штедење

Од:

Грчката полиција се собра денеска во Солун со цел да ги обезбедува големите демонстрации против мерките за штедење најавени за претстојниот викенд, но при тоа ја искористи можноста, поради истата причина и тие да протестираат. 

Околу 2.500 припадници на полицијата, крајбрежната стража и пожарникарната служба, повеќето во униформа, маршираа низ центарот на најголемиот грчки град, барајќи платите да им се зголемат до сумата која ја земеле пред властите да ги применат буџетските кратења поради договорот со меѓународните кредитори. 

Организаторите на протестот тврдат дека Владата ги игнорирала судските одлуки според кои намалувањето на платите се прогласија за незаконски, и дека имаат право поради тоа да преземат правна постапка против членовите на грчката Влада. 

Повеќе од 5.000 полицајци во сабота ќе бидат на должност во Солун, каде се планирани демонстрации во истото време кога грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го одржи годишниот говор за состојбата на државната економија, наведува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит