Повредено момче од Куманово при цепење дрва

Од:

Четиринаесетгодишно момче од Куманово е повредено откако ја ставило раката на трупец на кој негов врсник цепел дрва.

Полицијата денеска информираше дека инцидентот се случил вчера во складот за огревно дрво „Дабо Груп“, сопственост на З.Т. (50).

Момчето се повредило во пределот на малиот прст така што кога поминувало покрај другото момче кое цепело дрва, се занело и ја ставило левата рака на трупецот.

Повреденото момче е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а јавен обвинител констатирал постоење на кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип