Приведени четири лица за различни кривични дела

Од:

Четири лица од тетовско кои се барале за издржување затворски казни за различни кривични дела во текот на вчерашниот ден се приведени и предадени за издржување на казните.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информираше дека со најголема затворска казна бил Н.Љ.(51), кој се барал за издржување казна затвор од четири години и 10 месеци за кривично дело „тешка кражба“.

– За Н.Љ имало судска наредба и тој бил уапсен вчеравечер околу 21 часот, а денеска бил предаден за издржување на казната во КПУ „Идризово“ во Скопје, изјави Јосифовски.

Со судски наредби лишени од слобода се уште три лица кои се осудени на едногодишна затворска казна. С.С.(47) од Тетово за сторено кривично дело „неовластено влегување во воен објект…“, А.С.(59) од Џепчиште за „убиство во обид“ и Џ.С.(25) од Слатино за „насилство“. Тие се предадени за издржување на казните во казнено – поправните установи „Тетово“ и „Идризово“.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје