Ракометарите на македонскиот шампион Вардар утре го играат третиот натпревар од СЕХА лигата. Во Скопје ќе гостува шампионот на ова натпреварување унгарскиот првак Веспрем.
На денешната прес конференција тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез истакна дека Веспрем е една од најдобрите екипи. – Тие играат најдобра одбрана и се исклучително „силни“ и имаат многу брзи играчи. Ова ќе биде добар натпревар за публиката и добар тест за нас да видиме до каде сме. Имаме мал проблем со повредата на Македа и не е сигурен неговиот настап, рече Гонзалез.
Капитенот Стјанче Стоилов откако го пропушти дуелот со Металург поради суспензија се враќа во екипата.
– Веспрем ни е должник од лани. Вардар во првите две кола не беше „вистинскиот“. Не очекува тежок натпревар и сите ќе го дадеме максимумот, вели Гонзалез.
Натпреварот Вардар – Веспрем се игра утре со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.