Хан во посета на Србија, поддршка на реформите и евроинтеграцијата

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска и утре престојува во посета на Белград, во рамки на која ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ и со претставници на новиот владин состав.

Целта на посетата е еврокомесарот да разговара за натамошните чекори на Србија на патот кон Европската унија, како и да ја изрази силната поддршка на ЕУ за реформската програма и процесот на европските интеграции на Србија, соопшти Делегацијата на ЕУ во Србија.

Хан додаде дека во рамки на пристапниот процес претставниците на ЕУ ќе се фокусираат на работа со српските власти на важни теми како јакнење на владеењето на правото, регионалната соработка и процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

– Сакаме да понудиме техничка и финансиска поддршка за да продолжи фискалната консолидација, да се поттикне економскиот раст и да се обезбедат подобри можности за компаниите, особено за младите претприемачи и за младите воопшто, рече Хан.

Тој утре ќе се состане со Вучиќ и ќе се обрати до членовите на Владата на Србија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград