Премиерот Бојко Борисов на Балканскиот Форум што се одржува во Софија беше испровоциран од македонските новинари со прашањето зашто се меша во спорот на Македонија со Грција, пренесуваат бугарските медиуми.
Причина била претходната изјава на Борисов дека доколку Грција и Македонија стигнат до компромис за името Северна Македонија тогаш тоа за Бугарија нема да биде прифатливо и ќе значи јасна претензија на Македонија кон Бугарија поточно Благоевград.
„Јас не се мешам во работите на други држави во тоа како ќе се нарекуваат -тоа е суверено право на секоја држава”, појаснил бугарскиот премиер. Но доколку името е Северна Македонија тогаш може да има проблем со територијални претензии“, додал Бојко Борисов, премесуваат бугарските медиуми.
„Кога името има географска одредница тоаш се создава опасен преседан. Ако дојде до компромис за Северна Македонија, за тоа ќе биде дискутирано во Владата и Народното Собрание“, одговорил Борисов.
Според порталот news.bg македонски новинар се интересирал зошто Борисов се меша во случајот со името на Македонија и го обвинил дека е антилобист за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Според порталот Борисов му одговорил ладно:
„Ние не се мешаме во никаков спор. Ние се мешаме само кога станува збор за филмови во кои ставате знаме на Хитлер“, рече Борисов, мислејќи на македонскиот филм „Трето полувреме“.
„Бугарија никогаш немала на знамето кукаст крст, Бугарија никогаш не правела нешто против Македонија. Ние први ве признавме. Секогаш ви дававме поддршка, лобиравме да немате визи. И сега, одеднаш што? – Хитлеровски филм за Бугарија”, незадоволно одговорил бугарскиот премиер. „И до овој момент ние молчиме, така?”
„Во што се мешаме? Се мешаме за цар Самуил? Дали за Кирил и Методиј? Дали за тоа што ги прогонувате нашите амбасадори од спомениците? Ние не се мешаме никаде“, рече Борисов.
Борисов бил прашан зашто не дојде во Македонија и да ги каже сите овие работи.
„Ќе дојдам во Македонија, кога ќе ме поканат”, одговорил тој и рекол дека македонскиот премиер бил на посета во во Бугарија. Премиерот на Бугарија се пофалил и дека следниве недели на гости му доаѓа косовскиот премиер Хашим Тачи.