Македонската одбојкарска репрезентација го освои второто место на 40. издание на турнирот „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ што синоќа заврши во Тетово.
На последниот натпревар од турнирот екипата на Црвена Звезда ја победи Македонија со 3-1 во сетови (25:17; 25:11; 21:25 и 25:12). Со овој триумф тимот од Белград го освои првото место.
Македонија на првиот ден од турнирот ја совлада турската екипа Мили Пјанго со 3-1 во сетови.
За нашата репрезентација ова беа последните контролни дуели во пресрет на квалификациите за Европското првенство што ги играме од 15 до 17.септември во Крајова (Романија) и од 23 до 25.септември во Јаблонец (Чешка). Македонската репрезентација е во група со Романија, Чешка и Естонија.