Реакции по севернокорејската нуклеарна проба

Од:

Северна Кореја изврши денеска тестирање на нуклеарно оружје во комбинација со напредокот на Пјонгјанг во развојот на мобилната балистичка ракетна технологија, што претставува смртна закана за Јапонија, изјави јапонската министерка за одбрана Томоми Инада.

– Не можеме да ја негираме можноста дека Северна Кореја ги намалила димензиите до мерки прифатливи за производство на нуклеарни боеви глави, рече Инада.

Таа додаде дека јачината на потресот, кој следел по тестирањето укажува дека во никој случај не станува збор за хидрогенска бомба.

Јапонија исто така најави дека ќе ја разгледа можноста за воведување дополнителни санкции против Северна Кореја поради овој тест.

– Сите треба да покажат воздржаност и предизвикувањето хаос или војна на Корејскиот Полуостров не е во ничиј интерес, истакнува денеска кинеската државана агенција Синхуа во прва реакција по петтата нуклеарна проба извршена во Северна Кореја.

– Нуклеарната проба на Пјонгјанг „не е мудар потег“, но и одлуката на Јужна Кореја да распореди американски антиракетен систам исто така ја нарушува стратешката рамнотежа во регионот, оценува агенцијата.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлучно се спротивставува на нуклеарната проба и го повика Пјонгјанг да не презема акции што би ја влошиле ситуацијата.

– Сите провокативни акции на Пјонгјанг ќе донесат сериозни последици, предупреди денеска американскиот претседател Барак Обама, кој потоа имал телефонски разговори со јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хе и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

– Во својата петта најсилна нуклеарна проба лидерот Ким Џонг-ун стана „безобзирен манијак“, кој целосно ги ингорира светските апели да се откаже од развивање нуклеарно оружје, рече Парк Гуен-хе.

Францускиот претседател Франсоа Оланд остро ја осуди севернокорејската нуклеарна проба.

– Меѓународната заедница треба да се обедини пред оваа нова провокација од Северна Кореја, додаде тој.

Оланд го повика Советот за безбедност по ова очигледно ново непочитување на негови резолуции.

Претходно Советот за безбедност на ОН соопшти дека ќе има вонредна седница во врска со севернокорејскиот нуклеарен тест за кој се верува дека е најмоќен досега.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт