Северна Кореја соопшти дека извршила нуклеарна проба. Регистриран е потрес од 5,3 степени по Рихтеровата скала.
Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички ракети.
Во соопштение објавено на државните медиуми се вели дека нуклеарната проба е извршена за да се спротистави на „непријателствата на САД“. Државната телевизија нагласи дека при нуклеарната проба нема регистрирана радијација и нема последици за животната средина.