СДСМ: Власта да не истура нервоза, туку да ги решава ризиците од Скопје 2014!

Од:

„Јавноста има право да знае што се случува на локацијата кај градилиштето спроти новата зграда на МНР каде што е создаден цел базен со вода и фекалии и дали се точни неофицијалните информации дека била доведено во прашање безбедноста на работници.

Нервозата на власта поради неспособноста да се справи со поплавите, не смее да биде причина да се спречуваат новинарите професионално да си ја вршат работата и да ја информираат јавноста!

Со дождовите испливаа на површина и ризиците од криминалниот проект Скопје 2014 при чиешто градење беа игнорианипредупредувањата на стручната јавност.

Новиот бран врнежи уште еднаш ја потврди јасната слика дека оваа власт со расипничките политики за лични интереси и нефункционалните институции ги загрози граѓаните.

Проблеми повторно има и во Стајковци. Одводниот канал за атмосферска вода синоќа пак беше затрупан што нанесе штета на двете коловозни ленти на обиколницата и ги стави во опасност возачите. За жителите на Стајковци денешниот ден не само што не е празничен, туку е уште еден проблематичен ден. Претставници на СДСМ синоќа беа лично со граѓаните на терен, имаме увид во состојбата и порачуваме дека одговорност за несериозните политики и загрозувањето на животите на граѓаните ќе има.

По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на којашто врвен приоритет ќе и бидат здравјето, сигурноста, безбедноста и потребите на граѓаните“, велат во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа