Кичевец нападнат и ограбен во Скопје

Од:

Две непознати лица вчера изутрина во Скопје извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево и при тоа му одзеле пари, мобилни телефони и други лични предмети.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 06.40 часот на бул.„Мајка Тереза“ кога на четириест и две годишниот кичевец во возило „порше каен“ со белгиски национални ознаки, сторителите му се доближиле до возилото и го замолиле да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“.

– Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото. Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични предмети. Откако го сториле делото заминале во непознат правец, стои во соопштението.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он