Поради дождовите заматена водата за пиење во Тиквешко

Од:

Поради дождовите дошло до заматување на водата за пиење во Тиквешко. Од Центарот за јавно здравје во Кавадарци препорачуваат задолжително превривање на водата пред употреба.

Доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител, појаснува дека како последица на врнежите од дожд, водата добила жолтеникава боја.

– Во моментов регионалниот водовод „Лукар” се снабдува со вода само од изворите, реката е исклучена. Затоа е и намалениот проток на вода. Дозирањето со хлор е покачено на максимум. Доколку нема дополнителни врнежи, очекуваме водата брзо да се избистри, информира денеска Ризов.

Тој нагласи дека задолжителното превривање на водата за пиење се однесува за жителите од општините Кавадарци, Неготино и Росоман, кои се снабдуваат со вода од регионалниот водовод.

Би можело да ве интересира

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга