Грчко-бугарски гранични патроли за спречување на илегални бегалци и мигрнати

Од:

Грчката и бугарската полиција треба да започнат заеднички патроли долж грчко-бугарската и бугарско-турската граница, во обид да ги спречат илегалните мигранти да го продолжат својот пат преку Балканската рута.

Министерот за цивилна заштита Никос Тоскас ова го договорил со министерот за внатрешни работи на Бугарија Румјана Бачварова за време на неодамнешната посета на Софија.

Во соопштението од Министерството се вели дека разговорите биле „исклучително срдечни“ и оти е разгледувано и ова прашање, а деталите за точната локација на планираните патроли допрва ќе се утврдуваат.

Официјален претставник на полицијата кој бил вклучен во планирањето на заедничките патроли за „Катимерини“ изјавил дека и Грција и Бугарија се под притисок од стана на Европа да ги запрат мигрантите и бегалците кои влегле во Грција од Турција и сакаат да стигнат до Централна и Западна Европа.

Во март годинава, албански и италијански полицајци почнаа заеднички патроли на грчко-албанската граница во обид да ги запрат мигрантите кои патуваат кон Европа.

Во меѓувреме, на островите во Егејското Море продолжува неизвесноста околу иднината на бегалците и мигрантите заглавени во Грција, што предизвикува тензии и се почести судири во камповите.

Во организираниот камп Диавата, каде има 973 бегалци и мигранти, вчера избувна тепачка по што членовите на невладините организации кои обезбедуваат здравствена заштита се повлекле од кампот.

Извор од една невладина организација, која е активна во Диавата, рекол дека неодамнешните информации дека кампот ќе продолжи да работи ги налутиле бегалците, кои сметаат дека така ќе биде продолжен и нивниот престој во Грција. Фактот дека некои мигранти и бегалци се сместени во хотели и апартмани, исто така, поттикнува незадоволство, со оглед на тоа што жителите на кампот бараат да им се обезбедат подобри услови за живот.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски