Според меѓународната студија од кабинетот за совети ПвЦ, Париз е четвртиот град на ранг листата во светот според атрактвноста, зад неоспорниот Лондон, Сингапур и Торонто, јавува дописникот на МИА од Париз.
Париз за две години се искачи за две места, а зад Париз се наоѓаат Амстерадм, Њујорк, Стокхолм, Сан Франциско, Хонг Конг и Сиднеј. На листата нема ниту еден град од регионот на Балканот.
Утеха за Париз е тоа што се најде на првото место според квалитетот на животот, на прво место за поврзаноста на јавниот транспорт, на второ место за виталноста на културата, за своите паркови на трето место.
Париз има добра положба и за приемот на турситите, деловните луѓе и за забава. Париз се наоѓа високо и како интелектуална и иноваторска престолнина. Париз во случај на реализација на Брекзит, сигурно може да напредува на економски план на сметка на лидерот Лондон.