ЗНМ: Ја повикуваме македонската влада да го одбие барањето за затвoрање на „Заман“

Од:

Здружението на новинари на Македонија се солидаризира со неделникот Заман Македонија, за кој турската влада бара од македонските власти да биде затворен поради наводна поврзаност со неуспешниот државен удар во Турција.

„Непримерни се изјавите на македонските владини преставници дека разгледуваат законски можности да одговарат на барањата на турската влада за затварање на медиумот. Во слободни и демократски земји медиуми не може да се затвараат со арбитрарни одлуки на владите.Ја повикуваме македонската влада да го одбие барањето на Турција за затварање на Заман. Неделникот е основан во 1994 година и работи согласно македонските закони, кои гарантираат слобода на изразување и слобода на медиуми.
Овие слободи не може да се ограничат по барање на некоја странска влада, без соодветна судска постапка, во која ќе се докаже поврзаноста на некој медиум со терористичка организација.
Апсурдно е да се верува дека неделник што ги почитува домашните закони и професионалните стандарди може да биде вклучен во извршување на државен удар“, се наведува во соопштението од ЗНМ..

ЗНМ ќе ги алармира сите релевантни европски и светските организации и институции за ставот на македонската влада во однос на барањата на Турција за затварање на македонски медиум.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје