Полицијата заплени 150 килограми марихуана

Од:

Полицијата синоќа на локалниот пат Башино село – Велес во патничко возило управувано од скопјанецот С.А. пронашла  непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми.

– Синоќа околу 19:50 часот на локалниот пат Башино село – Велес, при контрола на патничко возило „Фолксваген Венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А. (38) од Скопје, полициски службеници во багажниот простор пронашле два големи куфери и три јутени торби со непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми, информираат денеска од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Пронајдените предмети, со потврда за привремено одземени предмети, се одземени и ќе бидат доставени за вештачење. С.А. е приведен во СВР Велес и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он