Безживотно тело на маж во фаза на распаѓање било пронајдено денеска, околу 14 часот, под скалите за текстилните фабрики, кај спортскиот центар во Тетово.
Телото го пронашол и пријавил човекот кој го користел објектот за свое привремено засолништво.
Веднаш потоа, била повикана екипа на Брза помош и Противпожарната единица за извлекување на телото, кое се наоѓало на тешко достапно место.
Лекарот од судска медицина кој го напавил првичниот увид, констатирал дека на телото не се забележани траги од насилство.
По извлекувањето телото било префрлено на одделението за судска медицина во Тетовската болница, за да се утврди идентитетот и точните причини за смртта.