Албанската Влада донесе одлука да го реставрира Музејот во Битола со соптвени средства, каде се одржа Конгресот за албанската азбука, пренесува Макфакс.
Премиерот Сали Бериша на седницата на владата одржана во четврток побара од Министерството за култура на Албанија веднаш да стапи во контакт со македонското Министерство за култура и да испрати експерти за реставрација.
Оваа активност владата на Албанија ја презема во годината во која одбележува 100 години од независноста.
Конгресот на албанската азбука се одржал на 14 ноември 1908 година во Битола.