Првиот ден на Курбан Бајрам, 12 септември (понеделник), е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.