(ВИДЕО) Шилегов: Потфрлија институциите во поплавите што повлекуваат и одговорност!

Од:

Точно месец од поплавите до денеска, а се уште нема конечен биланс на жртвите за кои знаеме дека се најмалку 23! Ниту една институција не ги отфрли неофицијалните информации за неколку пати поголема бројка на загинати! Не се знае бројката на исчезнати, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Граѓаните се уште не можат да си го вратат животот во нормала. Еднократната парична помош за семејствата на загинатите се уште не е исплатена, а голем дел од поплавените граѓани не го имаат добиено ветениот аванс. Голем дел од поплавените живеат по соседи, роднини, без елементарната покуќнина.

Со поплавите исплива на виделина неодговорноста и неспособноста на власта на Никола Груевски и Коце Трајановски во најсуровата форма – со ужасни последици. Повлече со себе животи на бебиња, на деца, на невини луѓе.  

poplava_infographic_final

За невремето не предупреди ниту една од државните институции.

Обиколницата кај Стајковци кобната вечер не беше затворена за сообраќај. Затоа многу граѓани останаа заробени во своите возила без помош, затоа имаше загинати.

Следните денови единствено функционираше Ајфонот на Груевски кој замислуваше дека глуми во реалити шоу.

Додека семејствата на загинатите не можеа да дојдат до телата на своите блиски во Капелата во Бутел, бидејќи не им беа издавани документи.

Не беше испочитуван ниту Протоколот на ИНТЕРПОЛ за идентификација на жртви настрадани во катастрофа, со земање отпечатоци и ДНК анализа.

Потфрлија институциите што ние граѓаните ги плаќаме за да не штитат.

Затоа, одговорност мора да има и ќе има.

По 11 декември доаѓа одговорна Влада којашто парите на граѓаните нема да ги расфрла за тркала и пиратски бродови, туку ќе изгради систем за заштита од поплави!

Ќе се грижиме исклучиво за потребите на граѓаните. 
Прашање од граѓанин: На списоците што се за обестшетување, ни една банка нема пари за тоа. Сите банки ги прошетавме во ниту една банка нема пари. Кај може да биде тоа?

Денес затоа сме и тука, денес да укажаме дека она што го гледаме во телевизија не е вистина. Да кажеме вие како граѓанин како Стајковци немате примена помош, дека проценката не е завршена и затоа ги повикав камерите да дојдат со мене да ја видиме реалната состојба тука. Ние сме секој ден тука и како опозиција колку може помагаме. Ова е еден начин да ја разбудиме заспаната власт конечно да разбере дека треба да помогне. Имено, паричните средства владата треба да ги префрли и авансите и за неповратната помош, но во голем дел парите не се префрлени. Денес баш затоа сум тука да укажеме на заспаните да ги разбудиме. Конечно да почнат да ја работа својата работа, а не да лажат пред телевизија. Факт е дека тука не е во ред.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он