Груевски испрати честитка за Денот на албанската азбука

Од:

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

„Одбележувањето на ваквите празници во современите мултиетнички општества е исклучително важно и значајно. Преку нив ја негуваме толеранцијата, го валоризираме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден покрај друг. Едноставно, кога некој празнува, секој друг кој го почитува, го смета за близок и пријател, се придружува кон прославата и изразите на почит. На овој начин потврдуваме дека секој воспоставен празник е празнување на сите граѓани на Република Македонија, и на нашата заедничка иднина и иднината на целиот регионот.Верувам дека со заеднички сили, верувајќи во заедничките вредности, ќе продолжиме со спроведувањето на реформите и модернизацијата на нашата земја, со напорите за обезбедување на услови за економски раст и развој и унапредување на стандардот на граѓаните, и со прогрес во сите останати општествени сфери со цел изградба на силна, модерна и напредна Република Македонија, член на Европската Унија и НАТО“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он