Пет работи кои не сте должни да му ги обезбедите на вашето дете

Од:

Во денешното општество секогаш се размислува „на што имаме право“, наместо на она што навистина сме го заслужиле, па тоа го прават и нашите деца. Имаме се повеќе бенефиции и привилегии, а се помалку работи треба да ги заслужиме и заработиме.

Кон децата секако имаме многу обврски. Мораме да им обезбедиме љубов, покрив над главата, храна и вода, тука сме да ги капеме, облекуваме, купуваме играчки, да ги учиме… Сепак постојат работи кои не мораме да ги правиме и на кои тие немаат „право“ и не треба ни да ги очекуваат.

Награда затота што добро се однесува

Кога детето се носи во продавница и тоа се однесува пристојно, не треба веднаш да го „наградите“ за такво однесување и да одите до полицата со играчки. Да, ок се однесуваше добро и тоа е во ред, тоа се очекува од тебе. Животот едноставно не е само давање и понекогаш треба да ги почитуваш правилата без да се добие за возврат.

Давање се што сака

Прва лекција која треба да ја научат е да се цени тоа што се има. Потоа, секако треба да научат која е вредноста за она што го сакаат да го имаат. Научете ги да штедат пари за она што го сакаат, а не само да очекуваат дека тоа ќе го добијат од вас. Штедењето пари за нешто децата ги учи на трпеливост, одговорност, но може да им покаже дека тоа што го сакале толку многу, во суштина и не е толку примамливо како што се чинело на прв поглед.

Популарност

Можеби и ние и тие тоа го сакаме, но не се сите кралеви и кралици во училиштето. Не може сите да имаат ниту многу пријатели, тоа е едноставно така, па децата треба да ги учат вредностите на вистинскиот пријател и дека неколку искрени пријатели се подобро од многу онакви кои се „радуваат“ додека си популарен. Корисно е да се научат децата и како да бидат добри пријатели и да ги задржат околу себе луѓе кои им се важни.

„Гурмански“оброци

Денешното темпо на живот не им олеснува на родителите кои работати по десет часа. Тешко дека по толку часа работно време ќе дотрчаат дома и ќе направат оброк од неколку јадења по редослед. Не морате заради тоа да чувстувате вина, важно е на децата да им се овозможи здрав и урамнотежен оброк кои ќе ги задоволи нивните потреби. Исто така поттикнете ги децата да ви помогнат во кујната, заедно да подготвите нешто вкусно.

„Слугинка“

На нашите деца треба да им бидеме само родители, а не слуги кои чистат и средуваат по нив. Затоа децата од мали нозе треба да се учат како да ги извршуваат прво едноставните, а потоа и комплицираните задачи. Во почетокот да се среди позади себе. Исто така не значи ако нешто исчистат дека треба и за тоа да добијат  награда, нека наградата им биде учење на одговорност – како за задолженија, така и за нивните работи во домот  кои се нивна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска