Хрватската тенисерка Ана Коњух направи сензација на Грен слемот УС Опен. Таа ноќеска во осминафиналната фаза беше подобра од четвртата носителка Агњешка Радванска од Полска со 2-0 во сетови. Двата сета 18-годишната Хрватка ги доби со по 6:4.
Коњух во четвртфиналето ќе игра со Каролина Плишкова од Чешка.
Другите двојки за 1/4финалната рунда се:
Серена Вилијамс (САД) – Симона Халеп (Романија),
Каролине Вознијацки – Анастасија Севастова (Летонија) и
Анџелик Кербер (Германија) – Роберта Винчи (Италија).