Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во „одбраното друштво“ на седуммината најдобри тенисери во историјата на Отвореното првенсто на САД.
Србинот со триумфот во осминафиналето над Кајл Едмунд, ја оствари вкупно 60-тата победа на УС Опен.
На тој начин Ѓоковиќ стана седмиот тенисер кој остварил 60 победи на терените на „Флешинг Медоу“.
На листата со најмногу победи на УС Опен првите две позиции ги имаат американските легендарни тенисери Џими Конорс со 98 и Андре Агаси со 79 победи само една повеќе од Роџер Федерер, по кој следуваат Иван Лендл 73, Пит Сампрас 71 и Џон Мекинро со 65 триумфи.