Средба на претседателот Заев со државниот секретар Амендола во Рим

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска во Рим имаа средба со Енцо Амендола, државен секретар на Министерството за надворешни работи на Италија.

Тема на состанокот беа евроинтегративните аспирации на Република Македонија.

-Веднаш по изборите, новата Влада што ќе ја предводи СДСМ, ќе се посвети на сите суштински прашања за подобар живот
на граѓаните, од слобода и демократија, преку правични и функционални институции, економска стабилност, до
практична примена на законите и нивно усогласување со европската регулатива. Тоа ќе ја придвижат земјата кон ЕУ, рече претседателот Заев.

Заеднички е заклучокот дека граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство, информираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Рим: Деветгодишно дете е во критична состојба откако е претепано од врсници

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев