Притвор за тетовчанец осомничен за „производство и пуштање во промет дроги“

Од:

Триесетдневен притвор му определил судија во претходна постапка на И.Х. (38) од Тетово откако претходно полицијата против него поднела кривична пријава за недозволиво производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Уште во текот на вчерашниот ден И.Х. бил предаден за издржување на мерката во КПУ Тетово. Инаку тој во петокот околу 17 часот и 50 минути во близина на наплатната рампа кај Желино на автопатот Тетово-Скопје бил запрен од полицијата додека се движел со возило Мерцедес, но откако запрел излегол од возилото и почнал да бега во блиските ниви.

– Полицајците започнале да го бркаат и кога почнале да го достигнуваат тој извадил најлонско ќесе и го фрлил преку некоја ограда. Полицајците успеале да го стигнат, совладаат, приведат и задржат И.Х. во полициска станица во Тетово, а било пронајдено и ќесето во кое имало непозната кафеава прашкаста материја што ќе се вештачи, посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он