Бочварски: Македонија е железнички изолирана земја

Од:

д воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од овој месец, нашата земја остана без редовните меѓународни линии. Ова се случува поради реконструкција на пругата Ниш-Прешево, но македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата. Железничкиот сообраќај е целосно парализиран, а Македонски железници ќе се соочат со милионски загуби, рече Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Иако помпезно се најавуваше, за 10 години не се изгради ниту пругата кон Бугарија, (почната е само првата од трите делници, од Куманово до Бељаковце и се реализирани само 5 % од работите).
Не се електрифицираше ниту пругата кон Косово, која во овој момент треба да биде алтернатива за излез на север. На југ не е изградена пругата кон Грција преку Битола. Беше ветено дека ќе се изгради до март 2016 година, но проектот доцни и до денеска е со реализација од само 30%.
Приходите од товарниот превоз се намалени, од 30 милиони евра во 2007 на 11 милиони евра во 2015.

Намалување на приходите има и кај патничкиот превоз.

Македонски железници се во лоша состојба, а вработените не земаат редовно плата.
Ова ќе се промени по изборите.

СДСМ ветува изградба на брза пруга Табановце Гевгелија, Битола-Кременица, пругата кон Бугарија, но и реконструкција на дотраената железничка инфраструктура, нови соларни железнички станици, осигурување на сите патни премини, како и поврзување со индустриските зони.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби