Шекеринска: Граѓаните бараат домаќинска влада, ние ќе им дадеме таква шанса

Од:

Граѓаните бараат, граѓаните очекуваат дека на 11-ти декември ќе биде избрана домаќинска влада. Влада којашто нема да дава 18 милиони евра за тркала, додека во една од општините на главниот град, Ѓорче Петров, се уште има делови во кои нема канализација, атмосферска и има било какви други инфраструктурни проблеми со коишто се соочуваат, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при посетатата на Ѓорче Петров.

– Како што ветивме денеска ќе биде повторно избрана техничката влада којашто треба да организира фер, демократски, кредибилни избори на 11-ти декември. Нејзина главна цел ќе биде да обезбеди вашиот глас да одлучи каде ќе се движи Република Македонија. Вашиот глас ослободен од притисоци, ослободен од било какви уцени, ослободен од било какви политички влијанија. Расположението помеѓу граѓаните низ Македонија е многу видливо. Зарем сметаме дека ако вака се инвестира, дека ќе дозволиме да се повтори уште еднаш катастрофата којашто му се случи на Стајковци – рече таа.

Шекеринска истакна дека граѓаните бараат и очекуваат на 11-ти декември да биде избрана домаќинска Влада којашто во Ѓорче Петров ќе обезбеди отворање на вистински две нови градинки и којашто ќе обезбеди услови во училиштата коишто ќе прилегаат за 21-от век, во којшто децата ќе можат да се посветат на учење, а во којшто родителите ќе знаат дека го добиваат најдоброто можно образование.

– Ве уверувам, одлучни сме дека македонските граѓани ќе добијат шанса за Влада којашто ќе ги решава вистинските проблеми, Влада којашто ќе обезбеди спокоен живот на сите нејзини граѓани. Вие почитувани граѓани сте нашиот главен мотив, главен мотив е да помогнеме на Македонија, на сите нејзини граѓани, да обезбедиме подобар живот на следните поколенија – рече таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

СДСМ: Пиротехниката заради која изгоре „Пулс“ била внесена преку фирма на близок на Мицкоски од Струмица

СДСМ не му се извинува на Љутков, велат ја објавиле вистината

Катерина Ѓуровски

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата