15 години спиеше со кучиња

Од:

Дека на човечката судбина ништо не и е туѓо, потврдува и оваа тажна приказна за Павлина . За многумина таа е безимена и невидлаива, а живее 15 години на бетон и парче картон на само неколку метри од Црвениот крст на Град Скопје-Даре Џамбаз. Оваа зима таа ја преживеа крадејќи топлина од уличните кучиња кои спиеле со нејзе.

Ноќта за нејзе е најголемиот непријател, огнот која секоја вечер го пали и стравот од неизвесноста ја држат будни.

Ниту оние што подобро ја познаваат, незнаат што и се случило и која gрижа пред 15 години ја донела тука. Екипата на А1 се обиде да проговори со нејзе, но освен тивки, изморени и неразбирливи зборови ништо друго не слушнавме. И сосема јасно, истоштеноста, тежината на преживувањето ја замолкнале или можеби со години стекнатата навика да ги задржува во себе мислите.

Случајната средба со оваа средовечна скопјанка кај минувачите предизвикува збунетост.

Има и луѓе, кои знаат дека скопјани се познати по својата солидарност и неможат да прифатат дека таа е оставена да живее на улица, и се обидуваат на секој начин да и помогнат.

Институциите се правдаат дека болнички ја лекувале кога и било неопходно, и понудиле да ја згрижат во Катланово, но таа ги одбила. Дали оваа жена над која лебди посебен вид на изолираност и луѓето не ја разбираат, заборавила дека и следува помош.

Јасмина Спасовска

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска