СДСМ: Ристовски излажа, не е се подготвено за почеток на учебната година!

Од:

Спиро Ристовски вчера ја излажа македонската јавност дека се е подготвено за почеток на новата учебната година!

На 1-ви септември е јасно дека не е се подготвено.

​Не се отворени ниту ветените нови училишта. Новото училиште во Хром не е отворено, иако Спиро Ристовски и Емил Димитриев им даваа лажни ветувања на родителите дека децата ќе ја започнат учебната година во ново училиште.

Во повеќе училишта како што се во крушевско Норово и тетовската гимназија децата учат во мизерни услови, а родителите протестираат или најавуваат протести. 

Се уште ги нема сите учебници, училиштата не се снабдени со сите нови учебници.

Дополнителен проблем се училиштата кои беа погодени од поплавите. Училиштето во Арачиново допрва ќе се бојадисува, а во руинираното училиште во Страчинци нема основни услови за настава.

Министерот за образование Пиштар Љутфиу и неговиот заменик Спиро Ристовски се најодговорни за тоа што не е се подготвено за почеток на учебната година!

На граѓаните на Република Македонија им е доста од лажните ветувања и пропагандните илузии на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Новата влада на СДСМ ќе создаде достојни услови за одвивање на наставата во сите училишта.

Оваа учебна година ќе заврши без екстерно тестирање, со посветени наставници, мотивирани ученици и позитивни родители.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа