Директорката на ОУ „Димитар Миладинов“ повикана кај Жерновски

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, веднаш реагираше на информациите на социјалните мрежи дека учителка од повисоките одделенија во ООУ „Димитар Миладинов“, без информирање на родителите, е префрлена за, како што се наведува, да предава на ќерката на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Градоначалникот итно ја повика директорката во својот кабинет и побара официјално објаснување.

Во својот писмен допис, директорката објаснува дека оваа година родители и ученици пројавиле голем интерес за изучување на францускиот јазик. Од тие причини и споменатата наставничка, која предава француски јазик, била префрлена како наставник во прво одделение.

Допис од директорка

Во врска со пречекот пред училиштето, според директорката, ова било традиција во училиштето, и секогаш учениците од погорните одделенија ги пречекувале првачињата, и дека редот од ученици не бил поставен за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски ќе продолжат со испитување на случајот и за сите наоди ќе ја информираат јавноста.

Во прилог ви го доставуваме дописот од директорката на ООУ „Димитар Миладинов“.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он