Полицајци превентивно пред основните училишта во Кавадарци и Неготино

Од:

Полициски службеници од денеска ќе бидат поставени превентивно пред основните училишта во Кавадарци и Неготино заради безбедно доаѓање на учениците во училиштата, нивно безбедно движење и преминување на улиците. За ова попладнево информираше Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот за поголема толерантност кон пешаците, особено кон децата и почитување на поставената сигнализација. Апелираме да се почитуваат правилата за запирање и паркирање на автомобилите непосредно пред влезот на училиштето, бидејќи со тоа се доведува во опасност движењето на другите учесници во сообраќајот, особено на учениците-пешаци, соопшти Стојковска.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски