Вучиќ разочаран од изјавите на Додик за одржувањето на референдумот

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ во пресрет на состанокот со претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјавил дека жали поради тоа што политичките челници на босанските Срби одлуката за одржувањето на референдумот во Република Српска ја донеле однапред и спротивно на договорот веќе ја соопштиле во јавноста, пренесуваат српските медиуми.

„Јас не ги кршам договорите кои сме ги постигнале. Не одам во јавност, тоа е мојата политика. Не донесувам лесни и популарни решенија, од кои народот е воодушевен“, порачал Вучиќ во пресрет на состанокот на српскиот државен врв со водечките политичари на Србите од Сараево и Бањалука по повод спорниот референдум за славењето на Денот на Република Српска.

Според Вучиќ и покрај договорот за да не се излегува во јавност со ставовите за референдумот, некои веќе ги изнеле своите одлуки и тој додал дека жали поради тоа што немал можност да го каже своето мислење, но дека „не сака да прави притисок и дека секој донесува одлуки во рамките на своите решенија“.

Претседателот на РС Милорад Додик во средата за телевизијата N1 изјавил дека референдумот ќе биде одржан и дека нема забрани кои би можеле тоа да го спречат. Додик исто така додал дека можно е „трите конститутивни народи во БиХ да почнат од нула“. „Не правиме ништо со што би можеле да го загрозиме мирот. Повикот за референдумот не е противдејтонска и противуставна активност. Нема никакви приказни за сецесија“, изјавил тој.

Референдумот за одбележувањето на Денот на РС, закажан за 25-ти септември, стана една од централните теми во регионот по повикот на Советот за спроведувањето на мир во БиХ до властите во Република Српска да се откажат од одржувањето на истиот.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ