(ВИДЕО) Спасовски: Полицијата ќе биде сервис на граѓаните

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовки кој најверојатно ќе биде новиот министер за внатрешни работи кажа дека граѓаните полицијата ја гледаат како партизирана институција која работи за поединци. Тој се повика на денешната презентација на истражувањето за перцепцијата на граѓаните во однос на полицијата и на другите државни ограни, пред се како функционираат и дали има корупција во институциите на системот. Според Спасовски тоа е регионално истражување коешто се спроведува во Македонија и во земјите од регионот.

-Интересно е дека граѓаните на Република Македонија дават поддршка на полицијата. Меѓутоа исто така сметаат дека премногу е партизирана, дека премногу работи во интерес на поединци, високи функционери во МВР или од страна на власта. Понатаму, дека има многу ниско ниво на професионализација и дека има висок степен на корупција.

Таквата перцепција е слична и за другите државни органи.

Мора посветено да се работи да се зголемува довербата кај граѓаните на Република Македонија во полицијата меѓутоа и многу да се работи да се отстранат овие негативни ефекти.

Тоа треба да се започне час поскоро и да навистина после изборите во декември. Да направиме се, да имаме состојба во којашто перцепцијата на граѓаните за полицијата како и за другите институции на системот ќе биде подобра, ќе се зголеми довербата.

Мора сериозно да работиме да се намали нивото на партизираност и најважно од се да се намали нивото на корупција заради тоа што корупцијата е клучниот проблем за иднината и перспективата на оваа држава, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он