Хашим Тачи не верува во југословенските и руските мапи

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово нема да загуби ниту еден метар од својата територија заради демаркацијата на границата со Црна Гора и објасни дека „им верува на мапите на НАТО“’, а не „на руските или југословенските мапи“.

– Никој не понуди факти дека Косово ќе загуби територија. Можам да кажам дека имаше погрешни интерпретации, не знам дали беа намерни или ненамерни, рече Тачи во интервју за телевизијата „Рокум“, во пресрет на седницата на косовското собрание на која треба да се ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора.

Тој е уверен дека спогодбата за демаркација ќе биде ратификувана и дека тоа „ ќе го поплочи патот кон либерализација на визниот режим со ЕУ“.

Лидерот на движењето „Самоопределување“ Висар Имери во меѓувреме уште еднаш ги повика членовите на косовското собрание да не гласаат за спогодбата за демаркација и рече дека денешниот протест е најдобрата прилика да и се каже „не“ на косовската Влада, пренесе весникот „Зери“ .

Би можело да ве интересира

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на Тачи и Весели

Горан Наумовски

На Хашим Тачи и Кадри Весељи им е продолжен притворот во Хаг

Тачи: Случајот „Жолта куќа“ никогаш не постоел

Горан Наумовски

Хашко обвинителство: Тачи, Весели, Красниќи и Селими одговорни за најмалку 102 убиства

Горан Наумовски

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хаг за прв пат ги објави имињата на жртвите на Тачи

Горан Наумовски