Од денеска режимот на Никола Груевски заминува во историја. Се изборивме граѓаните на 11 декември да можат слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на изборната волја заврши. На 11 декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминализацијата, нарачаните судски процеси, мафијата.
Ве повикувам на масовна мобилизација, сите граѓани за победа на Македонија! На 11-ти декември нема да ја одлучуваме судбината само на нашите генерации, туку на многу следни генерации. Овие избори се референдум! Граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава на Груевски и фамилијата или во богата и правна држава на сите граѓани. Одговорот веќе сите го знаат. На 11-ти декември доаѓаат промените и новата иднина за нашите граѓани. Го предупредуваме ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да не ни помислуваат да го прекршат договореното и да ја заложат Македонија за да купат уште некој ден слобода.
Од правдата и од судот на народот нема бегање. Цела јавност знае под чиј диктат Уставниот суд на Македонија. Затоа предупредуваме дека секое ново прекршување на договорот од Пржино, посебно уривање на Специјалното јавно обвинителство, СДСМ и граѓаните на Македонија жестоко ќе одговорат, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по потпишаниот договор за избори на 11 декември.