Бразилскиот Сенат ја смени денеска од функција претседателката на државата Дилма Русеф поради кршење на буџетски закони.
Со тоа е завршена процедурата за отповикување, што ја поларизираше таа јужноамериканска држава и ја парализираше нејзината политика во изминатите девет месеци.
По повеќедневна расправа, со 61 глас „за“ и 20 „против“ сенаторите гласаа за отповикување на Русеф поради незаконско користење пари од државни банки, со цел да поттикне јавни расходи.
Досегашниот потпретседател Мишел Темер ќе ја преземе функцијата на Русеф до завршување на нејзиниот мандат во 2018 година.
Дополнително гласање ќе биде одржано за тоа дали на Русеф ќе и биде забрането да извршува јавни функции во следните осум години.