Невработеноста во Грција во мај изнесувала 23,5 проценти, исто како и во април, што е највисока стапка во Европската унија, соопшти Евростат.
Според последниот извештај на Евростат, невработеноста во ЕУ и еврозоната, исто така, била исто така непроменета. Бројот на невработени во ЕУ изнесува 21.063 милиони лица и во еврозоната 16,3 милиони.
После Грција, која е на прво место по највисока стапка на невработеност во ЕУ, следува Шпанија со 19,6 проценти, додека Малта (3,9), Чешка и Германија (4,2 секоја) имаат најниски стапки на невработеност.
Во Грција, бројот на невработени лица знесува 1,12 милиони, стапката на невработеност кај мажите е 19,5 проценти и кај жените 28,5 проценти. Стапката на невработеност кај младите (на возраст до 25 години) се зголемила на 50,3 проценти во мај од 47,3 проценти во април.