Краткиот филм „Роденден“ се натпреварува за награда на филмскиот фестивал во Будимпешта

Од:

„Роденден“, новиот филм на режисерката Косара Митиќ е избран во официјална конкуренција на 12. издание на Интернационалниот филмски фестивал за краток филм кој се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Фестивалот трае од 30 август до 4 септември, а македонскиот филм премиерно ќе биде прикажан на 31 август, што ќе биде негова интернационална премиера.

Една од главните цели на фестивалот е да го развијат, презентираат и промовираат културниот идентитет на Источно-Европскиот аудио- визуелен сектор, овозможувајќи му да претстави повеќе експерти на пазарот.

Веднаш по оваа интернационалната премиера, ќе следува и македонската премира во рамките на претстојниот 37. Интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” во Битола, во програмата насловена „Мак Поинт“.

Филмот „Роденде“ е за група тинејџери кои на еден бизарен начин го прославуваат полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог што нема да може да го одбие.

Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски. Покрај режијата на филмот, Косара Митиќ се потпишува и како сценаристка. Директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Владимир Павловски, дизајнот на звук е на Игор Поповски, композитор е Игор Василев- Новоградска, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Емилија И. Атанасовска. Продукцијата на филмот е на Сектор Филм. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ