СДСМ: Чавков од МВР прави агенција за обезбедување поранешни функционери  

Од:

Министерот за внатрешни работи МиткоЧавков продолжува да и служи нафамилијата на власт наместо на граѓаните што го плаќаат. Со најновите измени на Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат, поранешнитефункционери ќе добијат право на лично обезбедување „за времетраење на опасноста“.

Нам и на целата македонска јавност ни е јасно дека по долги години криминално владееење следува период на страв од сопствениот народ. Јасно ни е дека поранешниот премиер Никола Груевски и неговите блиските поранешни функционери се плашат да излезат на улица меѓу луѓе без бодигарди поради гневот на ограбените граѓани. Грев е и перверзија, некој што само за очила за сонце има 60.000 евра, да дозволи осиромашениот народ да му ги плаќа стравовите.

Со ваквата уредба Чавко вго претвора МВР во Агенција за обезбедување на поранешни и моментални функционери, се разбира од владеачката коалиција.

Чавков треба да и објасни на јавноста кои се критериуми за оценка на степен на опасност по „физичкиот интегритет“ на Груевски и тајфата бивши функционери?

Ние сме убедени дека единственото од што треба да се плаши Груевски е правдата.

Таа ќе го стигне, со или без полициско обезбедување.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа