Николовски: Илинден ќе ја спасиме од септички јами, Македонија ќе биде дел од цивилизацијата

Од:

Ве уверувам, ќе го решиме проблемот со одводните канали, целосно прочистување на отпадните води и со фекалната канализација во Илинден! Ќе ве спасиме од зарази, од трошоци, од секојдневните маки што ги имате. Тоа е обврска на секоја одговорна Влада, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Од околу 2.000 куќи во населеното место Илинден, тоа се околу 8.000 жители, само 170 домаќинства се приклучени на бомбастично најавуваната Пречистителна станица. Толкав е нејзиниот капацитет.

Оваа неодговорна власт ги оставила луѓето да се снаоѓаат сами, како знаат.
Едни, излезот го нашле во поврзување на своите домови со јавните одводни канали.
За време на поплавите, на голем дел од нив, поради надојдената вода по нивите, целата вода со фекалии им се вратила во тоалетите. И овие луѓе сега стравуваат од зарази.

Други користат септички јами. Можете ли да замислите, септички јами во 21-от век?
Кај не се поврзани со фекална канализација, уште плаќаат по околу 50 евра месечно за чистење на септичките јами, што е огромен товар поради огромната сиромаштија.

Ние целосно ќе се посветиме на потребите на граѓаните. Еден од нашите приоритети е решавање на инфраструктурата во целата земја, со што ќе ја извадиме Македонија од каменото доба и ќе ја поставиме меѓу цивилизираниот свет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски