SEAT Ateca Cupra стигнува до крајот на 2017 година

Од:

На интернет кружат шпекулации за најсилната верзија на моделот Купра на Сеат, откако кросоверот дебитираше во февруари.

Но, најновите извештаи зборуваат дека тоа нема да се случи пред крајот на 2017 година. Причината за чекање на доаѓањето на Купра верзијата е големата побарувачка за стандардниот модел Атека, така компанијата Сеат не може да држи чекор и да произведува доволен број на автомобили. Поради тоа шпанскиот производител нема намера да брза со моделот Купра, што е и логично бидејќи испораката на стандардниот модел само што почна.

Освен тоа, новите информации значат и дека концептот Атека Купра нема да биде претставен на Саемот за автомобили во Париз во октомври, туку на Саемот за автомобили во Женева во март.

Без оглед на тоа кога ќе се појави на пазарот, се очекува Сеат Атека Купра да добие 4-цилиндричен 2,0-литарски бензински мотор со турбо полнач, кој го користи Леон Купра 290. Овој мотор испорачува 286 КС, но не е познато дали Сеат ќе го модифицира моторот.

Сеат Атека Купра ќе биде најскап модел на компанијата на сите времиња.

Во меѓувреме шпанскиот сектор на Фолксваген работи на втор кросовер, суб-компактен модел темелен на новата генерација на моделот Ибица. Двата модела се планирани за 2017 година, а ќе ја користи скратената MQB платформа на Фолксваген Групата. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ