Уште еден обид за атентат врз Николиќ?

Од:

Непознат возач со Шкода Фабија, без регистерски таблички, се обидел 4-5 пати да ја пресече колоната со возилата каде се наоѓаше и  претседателот на Србија Томислав Николиќ .

Според извори на весникот на весникот Блиц, луѓето од обезбедувањето на Николиќ се обиделе да го запрат тн епознатото лице но тој успеал да им побегне.

Според српската полиција, инцидентот се случил на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград околу 18 часот.

Полицијата трага по возачот, а од Претседателството на Србија не сакаа да го коментираат овој инцидент.

Српската полиција соопшти дека не знаат дали се работи за обид за атентат, за  дрзок возач или инцидентот бил последица на големиот сообраќаен метеж во Белград.

На почетокот на месецот имаше уште еден сличен инцидент кога џипот на еден полициски генерал опасно се приближи до колоната возила во која се наоѓаше српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија