Досегашниот фудбалер на Тотенхем, Насер Чадли направи трансфер во Вест Бромвич Албион.
Белгискиот интернационалец потпиша четиригодишен договор со ВБА.
Тој во Премиер лигата дојде од Твенте, а претходно настапуваше за локален клуб од пониските лиги.
За Тотенхем Чадли одигра 119 натпревари и постигна 25 гола. Сепак, на почетокот на новата сезона, менаџерот Мауро Покетино му соопшти дека не смета на него и дека тој ќе биде најдобро да си најде нов клуб.
Чадли кој е со мароканско потекло, има 32 настапи за селекцијата на Белгија и постигнато четири гола.